Во Грција 24-часовен штрајк и протести

Државните болници, медицински установи и социјални служби во Грција денеска се затворени поради 24-часовен штрајк на вработените.

Повикот за штрајк е на Федерацијата на државни службеници во знак на протест поради намалувањето на персоналот и намалувањето на платите и пензии.

Во исто време денеска на протести во Атина повикаа и синдикатите кои не се согласуваат со приватизацијата на државната компанија за дистрибуција на електричната енергија.

Владата поднесе барање во суд во врска со штрајкот за да може да го прогласи за незаконски и штетен.

Протестите се одржуваат во денот кога во Атина повторно треба да пристигнат претставниците на тројката меѓународни кредитори за нова оценка на реформите во замена за заемите.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.