Балкан

Во Грција денеска има 54.000 бегалци и мигранти

Во Грција денеска има 54.000 бегалци и мигранти

На грчка територија денеска има 54.062 бегалци и мигранти, вклучувајќи и 150 лица кои пристигнале на грчките острови во последните 24 часа, јави дописникот на МИА од Атина.

Според бројките на Координативното тело за управување со бегалската криза, 29.284 од бегалците се во северна Грција, 10.257 од нив се во Идомени, 14.906 се сместени во регионот на Атика (3.286 во пристаништето Пиреја), 7.515 има на грчките острови и 2.357 се сместени во различни области во централна и јужна Грција.