Во Грција има повеќе од 51 илјада бегалци и мигранти

На целата територија на Грција во моментов има 51.430 бегалци и мигранти, соопштија денеска грчките власти.

Во регионот на Атика има нешто повеќе од 15.000, а во Пиреја има 5.023 луѓе, додека претходно беше соопштено дека во пристаништето и околу него има вкупно 5.745 бегалци и мигранти. Во северна Грција се сместени повеќе од 28.500 мигранти, јави дописникот на МИА од Атина.

И покрај тоа што некои од бегалците во последните денови заминаа од кампот во Идомени, властите соопштија дека на грчко-македонсата граница се уште има 11.324 луѓе.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.