Во Грција има повеќе од 60.000 мигранти и бегалци

На грчка територија денеска се регистрирани повеќе од 60.000 бегалци и мигранти, соопшти Координативното тело за управување со бегалската криза.

Во последните 24 часа во Грција пристигнале 183 нови мигранти.

Вкупно 16.425 од бегалците се во северна Грција, 8.788 се сместени во регионот на Атика, 16.425 се во објекти во централна Грција и 246 во јужна Грција. Вкупно 8.788 бегалци и мигранти се сместени во неколку објекти изнајмени од страна на УНХЦР, а 2.482 лица живеат вон организирани прифатни центри.

На островите во источнит дел на Егејското Море има 13.171 бегалци и мигранти.

Патролен брод на Фронтекс денеска пресретнал дрвена едрилица со 49 мигранти и бегалци во морето северно од островот Самос. Едрилицата, во придружба на брод на крајбрежната стража, била одведена до пристаништето Карловаси на Самос.

Според крајбрежната стража, во последните 24 часа биле спасени уште 94 мигранти и бегалци во два инциденти кај Лезбос и Хиос.