Во Грција најмногу починати од грип во цела Европа

Смртните случаи што оваа година се предизвикани од грип во Грција, се побројни во споредба со останатите европски земји, а исклучок е само Шпанија, чие население е четири пати поголемо од грчкото, соопштува весникот „Катимерини“.

Според податоците на Европскиот центар за спречување на болестите, во Грција се регистрирани 106 смртни случаи, што се припишуваат на вируси на грип. Во Шпанија бројот на починатите како последица на заболување од грип изнесува 155 лица.

Смртноста поради грипот во Грција останува највисока во Европа. За оваа година во Франција се регистрирани 52 смртни случаи, а во Романија четири.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.