Свет

Во Грција уапсен лидерот на исламистите во Белгија

Во Грција уапсен лидерот на исламистите во Белгија

Грчката полиција уапси четири лица на барање на Европол, меѓу кои како што се тврди е и лидерот на исламистичка група во Белгија, јавуваат грчки медиуми. Уапсените се Мароканци.

Претставник на полицијата потврди дека во Атина се уапсени најмалку четири лица во истрагата против џихаидистичката групација, разбиена оваа недела во Белгија, додека се подготвувала да изврши напади.

Полицискиот оддел за борба против тероризмот се обидува да дознае дали меѓу задржаните е Абделхамид Абауд, Белгиецот со мароканско потекло, идентификуван од белгиските медиуми како мозокот на планираните напади, кои беа осуетени во операција во белгискиот град Вервие во четвртокот.

belgium

Апсењата се извршени во попладнените часови во централниот атински кварт Панграти, изјави претставник на полицијата, без да прецизира од кога и како се знаело за местото на кое се наоѓаат осомничените. Во операцијата им се одземени мобилните телефони.

Претходно белгиските медиуми јавија дека грчката полиција го уапси лицето, за кое се претпоставува дека е мозокот на спречените напади во Белгија.

Во Атина се уапсени четворица осомничени терористи, меѓу кои 27-годишен маж, за кого се тврди дека комуницирал и ги насочувал двајцата браќа, кои беа застрелани во операцијата во Вервие во четвртоко, додаваат медиумите.

Идеологот на нападот е поврзан со терористичката групација Исламска држава и бил во Сирија, од каде неодамна се вратил.