Во Грција уапсени 160 имигранти

Грчките власти соопштија дека денеска привеле вкупно 160 илегални имигранти во пет инциденти во источниот дел на Егејско Море.

Оттаму соопштија дека претходно загинал еден илегален имигрант кој се обидувал да се качи на фериботот за Италија. Мажот, скреин под автобус, бил пронајдени синоќа во безсознание, а подоцна починал.

Стотици илјади имигранти до Блискиот Исток, од Африка и од Азија секоја година преминуваат од Турција во Грција, а потоа се обидуваат да влезат во други европски држави.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.