Во Грција запленети 43 килограми кокаин дојден од Италија

кокаин

Операцијата била спроведена кога службеници на крајбрежната стража на Патрас пронашле околу 43 килограми кокаин, скриен во камион кој се симнал од ферибот од Италија.

Припадници на полициски одред за борба против шверц со дрога, го следеле камионот до Аспропиргос каде две други лица ја примиле дрогата.

Полицијата спроведува истрага со цел да се лоцираат повеќе членови на криминалниот синџир.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.