Свет

Во Хаити владее глад

Во Хаити владее глад

Приверт уверува дека општиот глад е неизбежен во следните три-четири месеци, доколку ситуацијата не се поправи на соодветен начин.

ОН побара од меѓународната заедница „масовна помош“ за населението на оваа карибска држава.

Ураганот „Метју“ од четврта категорија, кој помина преку Хаити, остави околу илјада загинати и уништи цели села и помали градови, илјадници домови, заедно со сите житни култури и резерви од храна.

Привремениот претседател вели дека загубите во Хаити се огромни, па на оваа островса земја сега и веднаш и се потребни храна, питка вода – за да се спречи избувнувањето на колера, и лекови.

– Заканата од глад во Хаити останува мошне сериозна, откако ќе престане меѓународната помош, после неколку месеци, вели Жоселрме Приверт.

ОН побараа за Хаити итна помош од 120 милиони долари, а генералниот секретар Бан Ки-мун порача дека таа е неопходна за 1,4 милиони луге на островот.