Во Ханој крадат кора од дрва за која тврдат дека лекува рак

ханој

Повеќе од 40 дрва од видот Каја се оштетени од централниот дел на Ханој во текот на изминатите седум дена. Според локалната традиционална медицина, кората од дрвото може да лекува канцер иако модерната медицина се уште нема докази за тие тврдења.

Слична таква акција во која биле уништени 10 дрва била извршена во минатиот месец, изјави претставник на градските власти.

Во Ханој секоја година се засадуваат по околу 200.000 дрва и градот има за цел до 2020 година да засади милион дрва.