Во Холандија денеска ден на жалост, стигнуваат телата од Харков

Во Холандија денеска е ден на жалост за жртвите од падот на малезискиот авион во Украина, откадешто нивните тела денес стигнуваат на идентификација.

Телата на загинатите денеска претпладне со авионот од Харков ќе бидат пренесени до Ајндаховен и испратена во воената база Хилверсум кај Амстердам на идентификација.

Од 298 жртви на несреќата, 193 биле државјани на Холандија.

„Боинг 777“ компанијата „Малезија ерлајнз“, на релација Амстердам-Куала Лумпур, најверојатно е во четврток, 17 јули, соборен со ракета над истокот на Украина кадешто се воделе жестоки борби на украинската војска и силите на руските сепаратисти.

„Црните кутии“ на малезискиот авион – регистратори на податоците за летот и работата на клучни уреди во авионот , како и разговорот во пилотската кабина, ќе бидат пренесени со белгиски бвоен авион во Велика Британија каде што ќе бидат анализирани.