Во Холандија денеска стигнуваат уште неколку тела од настраданите

Се очекува дека во Холандија денеска ќе бидат доставени уште неколку деситини тела од настраданите на летот  на малезискиот авион МН17 кој се сруши минатиот четврок на истокот на Украина.

Првите тела се донесени вчера во Холандија. Во таа земја вчера беше ден на жалост заради 193-те холандски жртви.

Истражувачите на Интерпол почнаа процес на идентификација на настраданите на летот МН17 со 298 патници членови на екипажот.

Холандската комисија за безбедност сооптиле дека вчера превземала контрола над меѓународната истрага за соборувањето на авионот.

Комисијата ќе ја координира работата на тимот 24 експерти од Украина, Малезија, Германија, САД, Велика Британија и Русија како и Меѓународната организација за цивилно воздухопловство, пренесе Ројтерс,

Комисијата навела дека четворица холандски стручњаци моментално спроведуваат истрага на местото на несреќата на истокот на Украина.

Експертите од Холандија кои спроведуваат истрага на теренот во Украина, рекле дека проруските сили им ги предале телата на 200 настрадани.

Холандскиот премиер Марк Руте предупредил дека индетификувањето на жртвите би можело да потрае со месеци.

Во меѓувреме, министерката за надворешни работи на Австралија Џули Бишоп рекла дека нејзината земја е спремна да ги обезбеди сите потребни ресурси да помогне во обезбедувањето на местото на падот на малезискиот авион.

Австралискиот печат пишува дека австралиските полицајци и експерти би можеле да бидат упатени во Украина, а се наведува број околу 100 луѓе.

Бишоп рекла дека со холандскиот колега Франс Тимерманс ќе отпатува во Киев на состанок со украинските лидери да се разговара за обезбедување на местото на падот на авионот, пренеле новинските агенции.

Според нивните зборови, сега тоа е приоритет, како и превземање и доопремување на посртните остатоци на австралиските жртви во Австралија.

Според нејзините зборови, сега тоа е приоритет, како и превземањето и доопремувањето на посмртните останки на австралиските жртви во Австралија.

Автралискиот премиер Тони Абот рекол дека после идентификацијата на жртвите австралиската влада на семејствата ќе им понуди можност да отпатуваат до Холандија за да ги превземат и допрата посмртните остаатоци до Австралија.

До сега е потврдено дека меѓу жртвите имало 37 граѓани во Австралија.