Во Холандија и помфрит од автомат

Група професори и студенти од Холандија развија машини од кои ќе може да се снабди свеж помфрит.

Насекаде постојат автомати од кои можете да купите кафе, топли и студени пијалоци, сендвичи, слатки и грицки, меѓутоа ова е првиот апарат кој подготвува помфрит.

Тoj e дело на група професори и студенти од Универзитетот Вгенинген во Холандија. Автоматот е мултифункционален, па покрај помфрит може да се нарачаат и кафе и други продукти.

– Ние се обидовме да направиме идеален спој која ќе ги исполни сите барања: помфритот мора да биде добар, не смее да има лош мирис и се мора да биде здрвствено сигурно, изјави за холандската телевизија еден од раководителите на проектот Бастијан Роест, додавајќи дека нивниот автомат успеал каде другите не, бидејќи е многу сложен.

pomfritПомфритот се чува замрзнат, а се пржи на 180 степени. Процесот на подготовка почнува дури кога корисникот ќе внесе монета во апаратот и тој трае две минути. Во понудата има сос, кечап или мајонез.

Прототипот од засега единствениот функционален апарат се наоѓа во кафитеријата на факултетот во Вагенинген, а пронаоѓачите не би имале ништо против некој да им понуди развој за поширока комерцијална потреба.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.