Во Хонг Kонг досега нема заболени од МЕРС

Расте бројот на заболени од МЕРС во Јужна Кореја

Здравствените власти во Хонг Конг денеска соопштија дека до сега не е регистриран ниту еден позитивен случај на зараза од вирусот МЕРС, кај нас познат како Нилска треска.

Од вчера напладне контрола е направена на 31 од 33 сомнителни случаи. За смирување на населението, здравствените власти ќе ги објавуваат резултатите од тестирањата два пати дневно.

Здравствените власти апелираа граѓаните да не постираат информации за сомнителни случаи на социјалните мрежи, бидејки тие можат да шират паника и непотребно да го одземаат вниманието на медицинските екипи кои и онака имаат многу работа. Стравот на жителите на Хонгконг го подгреваат и спомените на епидемијата на САРС во 2003 година, кога вој вирус беше причина за смрт на 229 лица.

За разлика од Хонг Конг, во Сеул епидемијата и натаму се шири. Во последните 24 часа регистрирани се 14 нови случаи на заболени од МЕРС. Регистрирано е заболување од смртоносниот вирус и кај една бремена жена, но деталите, освен тоа дека се работи за 39 годишна особа, не се соопштуваат.

Во Јужна Кореја, до денеска, се регистрирани 122 потврдени случаи на заболени, а во карантин се над 3.000 лица. Основните и средните училишта, како и градинките во Сеул и околината и натамусе затворени.

Вирусот МЕРС првпат беше откриен во Сеул на 26 мај, кај 68 годишен пациент кој пред тоа престојувал во Саудиска Арабија. Министерството за здравство во Сеул и натаму е мета на гнев од јавноста, која обвинува дека не биле преземени неопходните мерки кога е констатирано дека прилично лесно преносливата болест е откриена во таа држава