Во Хрватска досега влегле 5.400 бегалци

Турција нема да пушта бегалци кон Грција
Турција нема да пушта бегалци кон Грција

Околу 5.400 бегалци влегле во Хрватска според податоците на Црвениот крст. Црвениот крст им обезбедува храна, вода и потребна помош. Во наредните денови се очекуваат уште 4.000 бегалци. Тие ќе бидат сместени во центри во Јежево, Кутина, Сисак и Товарник. Уште еден воз утрово од Товарник стигнал во Дуго Село, од каде ќе бидат префрлени во Регистрацискиот центар во Јежево, јави Хрватската радио-телевизија.

begalci srbija ungarija

Нови мерки доколку се зголеми бројот на бегалци

Министерот за внатрешни работи Рајко Остојиќ синоќа во Товарник изјави дека хрватската полиција има целосна контрола над хрватската граница, но доколку мигрантите продолжат да пристигнуваат во поголем број Хрватска ќе мора да размисли за сосема поинакво однесување.

Хрватска не е подготвена за десетици илјади бегалци

Премиерот Зоран Милановиќ изјави дека Хрватска е целосно подготвена за прифаќање на бегалци и дека никој нема да ги спречи да одат таму каде што сакаат.

Шефот на хрватската дипломатија Весна Пусиќ порача дека Хрватска може да се носи со „неколку илјади азиланти, но дека не е подготвена за десетици илјади“, јави ХРТ.

Хрватска и Словенија се обврзани да спроведуваат прописи од ЕУ

Австрискиот министер за надворешни работи Себастијан Курц ги потсети во телефонски разговор своите колеги од Хрватска и Словенија дека тие две земји се обврзани, во врска со бегалската криза, да ги спроведуваат прописите од ЕУ, пренесува МИА.

 

 

Група бегалци вчера се судри со унгарската полиција, која употреби солзавец за да ја растера револтираната толпа. Србија официјално упати протест поради ваквото однесување на нејзина територија и најави дека ќе испрати полициски припадници на заедничката граница. Имено, во судирите повредени се дваесет полицајци и две деца.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.