Во Хрватска од огласите повлечени 200 илјади недвижности

Три дена по стапување на сила на Законот за градба, само од еден портал за продажба на недвижности во Хрватска, повлечено се повеќе од 50 илјади огласи.

Се проценува дека од сите огласи за продажба на недвижности, повлечени се најмалку 200 илјади огласи, пишува Јутарњи лист.

Со Законот е предвидено, казнување на продавачите на недвижности кои не набавиле енергетски сертификат, без разлика на тоа дали се работи за приватно лице или агенција.Весникот пишува дека од најпосетените огласи се повлечени три четвртини од понудата за продажба на куќи и станови, а причината е јасна, Министерството за градежништво одреди казни и до четири илјади евра, за оние кои огласуваат несертификувана градба.

Така на пример на порталот „Njuškalo.hr” вчера продавале само 66.284 станови и куќи, а инаку таа бројка се движи околу 240 илјади.

Порталите за продажба на станови објавија одредби на новиот закон според кој за продажба или наем за секоја недвижност е поголема од 50 метри квадратни неопходно е да се  наведе енергетската ефикасност.