Магазин

Во Хрватска пронајдена „сплитска Атлантида“

Во Хрватска пронајдена „сплитска Атлантида“

Нуркачите од клубот „Морнар“ од Сплит, во каналот Брач, на длабочина од околу 20 метри, пронашле камена „улица“  долга околу еден километар. Станува збор за пат поплочен со камен , кој е изграден премногу правилно за да изгледа дека е природно создаден. Локалитетот веќе е наречен „сплитска Атлантида“.

Дали станува збор за неверојатно археолошко наоѓалиште или за игра на природни сили, ќе утврдат подводни археолози од Конзерваторскиот завод на Министерсвото за култура, кој што следната недела треба да го посети локалитетот сместен речиси во средината а каналот Брач, помеѓу Сплит и островот Брач.

Легендата за подводната улица постои веќе десет години. Уште тогаш, нуркач открил 20 метри од нешто што го потсетувало дека е изградено од човечка рака. До тогаш на тоа не му се придавало големо значење, особено поради тоа што локацијата е  одалечена од брегот и не е во зоната за нуркае.
Патот што го пронашле нуркачите е долг околу еден километар и широк седум метри. Поплочен е со камени блокови. Нуркачите во следното нуркање ќе понесат со себе и археолози, за да би можеле и тие евентуално да потврдат дали се работи за „сплитска Атлантида“.

split