Во Хрватските се’ повеќе се увезуваат работници од ЕУ

Членството на Хрватска во ЕУ почнува да се одразува и врз пазарот на труд, односно додека голем број Хрвати бараат работа во другите земји-членки на Унијата, има се повеќе Европејци кои доаѓаат да работат во Хрватска, пишува весникот „Јутарњи лист“, објави МИА.

Тоа посебно се однесува на пограничните подрачја, главно на Вараждинската и Меѓумурската жупанија. Меѓу странците кои работат тука има најмногу Унгарци, на кои за работа во Хрватска од 1 јули 2013 година не им е потребна дозвола.

Работодавците изјавиле дека вработиле странци во момент кога во исклучително краток рок преземале нов проект, на кој денес работат речиси илјада работници.

Истовремено, голем број фирми во северниот дел на Хрватска почнуваат да се подготвуваат за вработување на словенечки државјани.