Во иднина некој нов Фрчковски ќе сведочи за нови коферчиња и амфори

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски упати порака од струмичкиот плоштад дека ниту договор, ниту еден акт не може да ја замре Македонија, затоа што Македонија е вечна, таа е идеја, сон, столетен стремеж.

Македонија живее и ќе продолжи да живее во срцата на секој еден од вас, затоа што тоа е татнежот на срцето на секој слободномислечки човек, затоа што надежта дека може подобро е посилна од сите измами смислени од оваа власт. И кога сме кај договорот го видовме Зоран Заев како на грчка телевизија се труди да допрел до грчките националисти правдајќи дека имал добар договор, ама добар за по грчки терк. Човек да позавиди како ги брани грчките интереси… камо вака да се залагаше за македонските интереси кога преговараше, рече Мицкоски.

Тој му порача на Заев, кој рече дека идентитетот е чувство да сети се на Мулето.

Тука пред оваа зграда кога го фрлија, тоа ли е чувство, Зоране? За тоа ли гинеа Македонците? Не е чувство, Зоране кога ќе кажеш македонска армија, а грчкото МНР ќе те прекори и ќе ти рече не е тоа Македонска армија, туку армија на северна Македонија. Па не треба ние, Грците го демантираат Заев, рече Мицкоски.И нема дилема дека, од една историска дистанца кога ќе се раскажуваат овие времиња, и кога ќе се знае како се договарал овој капитулантски чин, ќе се појави некој Фрчковски, кој ќе сведочи на некои нови куферчиња, амфори. Но, Заев не е Глигоров, и овој Зоран, Зоран Заев го видовме како и за многу помалку се нафаќа да сработи, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Мицкоски ги повика насобраните струмичани да ја поздрават полицијата која ја обезбедува струмочката општина. За мирниот протест во струмица беше ангажирано невообичаено многу полицајци обезбедени со панцири и штитови и силно вооружување.

Не плашете се, ова е мирен народ кој си ја сака татковината, рече Мицкоски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.