Во Индија 21 милион непосакувани девојченца

Желбата на родителите во Индија да имаат синови наместо ќерки создаде 21 милион непосакувани девојченца, се проценува во извештајот на индиската влада.

Извештајот на министерството за финансии утврдил дека многу двојки во Индија настојуваат да раѓаат деца сѐ додека не добијат син, пишува во понеделникот британскиот јавен сервис BBC.

Авторите на извештајот тоа го нарекуваат „посуптилна форма“ фаворизирање на синовите од абортусот пореди несаканиот пол на плодот. Фаворизирањето на момченцата „е прашање за коешто индиското општество треба да размисли“, додаваат.

Авторите, исто така, утврдиле дела во индиското население „недостигаат“ 63 милиони жени, бидејќи наклонетоста кон синовите довела до абортуси поради полот и подобра грижа за машкото потомство. Тестовите за утврдување на полот на фетусот во Индија се илегални, но сѐ уште се правата и може да бидат причина за абортусите.

Културолошкото фаворизирање на машките деца дури и наведе еден дневен весник да објави листа на научно невтемелени препораки како да се зачне машко дете, како што се сексуалните односи во одредени денови во седмицата или препораки дека е потребно да се спие свртен кон запад.

Пенџаб и Харјана се индиските сојузни држава се оние каде што е најизразена наклонетоста кон синовите. Во овие држави на 1.200 момченца помлади од седум години доаѓаат 1.000 девојченца на истата возраст, предупредуваат авторите на погоре споменатата студија.