Во Индија се роди девојченце со две глави и три раце (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ФОТО)

Девојченце со три раце и со втора глава којашто се наоѓа во стомачната област, таканаречен паразитски близна, се роди во Индија, пренесуваат медиумите.

Како што пишува британскиот весник Daily Mail, лекарите во индиската болница „ЈК Lone“ во градот Џајпур извршиле четиричасовна операција, во текот на којашто успешно го отстраниле израстокот. Во моментов бебето добро закрепнува, се наведува во извештајот.

bebe 04„Втората глава“ само делумно била развиена, и немала уши и очи. Според кажувањата на хирурзите, „главата“ оневозможувала девојченцето да ги добива виталните хранливи материи. Покрај тоа, во близина на „втората глава“, кај бебето имало и трета рака.

Случаите на раѓање бебиња со ткн „паразитски близнак“ се извонредно ретки, според експертите еден на милион новороденчиња. Операцијата била извршена на 26 април, но медиумите за неа разбрале дури по една седмица.

 

bebe 03

bebe 02

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.