Свет

Во Индија секој час исчезнуваат по 11 деца

Во Индија секој час исчезнуваат по 11 деца

Во Индија, на секој час се пријавува исчезнување на 11 деца, од кои во 40 отсто од случаите не може да им се влезе во трага, соопшти синоќа полицијата, која за време на шестдневната рација ослободи 220 деца од ропство, објави МИА.

Висок полициски офицер соопшти дека само завчера биле пронајдени 120 деца, од кои некои биле болни, неухранети и трауматизирани, а за време на шестдневната рација во Њу Делхи, Калкута и Мумбај спасени се стотици деца, пренесува ДПА.

– Децата имаа кожни болести од хроничен карактер и беа недоволно ухранети. Беа трауматизирани и видно вознемирени, потврди В. Сатјанарајана, заменик полициски комесар за Хајдерабада и дополни дека во акцијата се уапсени 31 трговец и агент и сите се обвинети за детско ропство.

Децата се пожалиле дека морале да работат по 16 часа дневно без пауза и им се заканувале со тепање и глад доколку не ги слушаат наредбите.