Свет

Во Индонезија има над пет милиони нарко зависници

Во Индонезија има над пет милиони нарко зависници

Индонезискиот Национален одбор за борба против дрогата денеска соопшти дека во јуни месец бројката на нарко зависници  во таа 250 милионска држава надминала пет милиони. Според овој одбор, за една година неколкукратно се зголемил бројот на Индонезијци кои повремено пушат марихуана, до која овде многу лесно се доаѓа.

Одборот посебно предупредува на пораст на нарко зависниците на северот на островот Суматра, каде што само за една година бројката на наркозависници се зголемила за 10 отсто и сега изнесува над 450.000 уживатели. Во овој дел на Суматра, како што се претпоставува, се наоѓаат и неколку центри за чување и дистрибуција на синтетички дроги што се произведуваат во Тајланд, Лаос и Мјанмар.