Во Ирак пронајдена масовна гробница со 150 тела

Масовна гробница со 150 тела е пронајдена во околината на ирачкиот град Рамади, соопштија денеска ирачките безбедносни сили, објави МИА.

Џихадистите од Исламска држава ги заробиле мажите сунити од околините села на Рамади и синоќа ги убиле и закопале.

Очевидци потврдија друг сличен таков случај со членови од истото племе Албу намир. Телата на 70 припадници на племето биле откриени во близина на градот Хит. Поголемиот број од жртвите биле припадници на сунитска паравоена група која се бори против ИД.

Ирачките безбедносни служби не можат да го потврдат инцидент од околината на Хит.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.