Во Ирак пронајдени масовни гробници со тела на 90 Језиди

Две масовни гробници, со посмртни останки на 90 припадници на ирачката етноконфесионална заедница Језиди кои се убиени најверојатно од припадници на ултрарадикалната сунитска групација Исламска држава која ги смета за отпадници од верата, се пронајдени во северозападниот град Синџар, објави во саботата локалните медиуми.

Гробниците се пронајдени југозападно од градот Синџар, кого цихадистите го заземаа во летото 2014 година, изјавил еден језидски борец. Додал дека повеќето убиени се локални момчиња, и дека најверојатно ги погубиле џихадистите.

Ирачкиот порат Shafak News наведува, повикувајќи се на неименуван владин функционер, дека меѓу жртвите има и жени и деца.

Исламската држава ги смета језидите, следбеници на древна религија, за сотоности.

Курдските борци „пешмерги“ и језидските сили го ослободијата Синџар во ноември 2015 година. Од тогаш во градот се откриени неколку масовни гробници.

Ирак на почетокот од декември прогласи дека ја ослободил целата своја територија од Исласката држава.