Во Иран нови протести против Саудиска Арабија

Во Иран нови протести против Саудиска Арабија
Во Иран нови протести против Саудиска Арабија

Во услови на зголемени тензии меѓу Техеран и Ријад, во Иран денеска се одржаа нови протести против Саудиска Арабија, пренесува БТА.

По петочна молитва, поголем број Иранци повторно протестираа против егзекуацијата на саудискиот шиитски свештеник Нимр ал Нимр.

Околу илјада демонстранти во Техеран извикувале: „Смрт за Ал Сауд, Смрт за Америка“ и „Смрт за Израел“. Некои од нив носеле фотографии од шеикот ал Нимр.

Слични протести се одржале и во повеќе други градови во земјата, јавуваат иранските медиуми.

Имамот, кој ја читал молитвата во Техеран, во проповедта ја критикувал Саудиска Арабија.

– За сите злосторства извршени против муслиманите има тројца виновници: САД, ционистичкиот режим и Саудиска Арабија. Ционистичкиот режим ги планира, САД го поддржува, а Саудиска Арабија ги обезбедува парите, изјави ајатолахот Мохамед Кашани.

iran3

iran2

Вчера Иран го обвини саудиското Воено воздухопловство дека извршила напад врз иранската Амбасада во Јемен. Коалицијата, предводена од Саудиска Арабија, ги отврли ваквите обвинувања, нагласувајќи дека не биле вршени никакви операции во околината на иранската амбасада.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.