Во Истанбул казнети повеќе од 60 000 возачи

Поради неправилности при управување возила во Истанбул во овој месец рекорден број возачи се казнети, објави турскиот телевизиски канал НТВ, пренесе МИА.

Во периодот од 13 до 19 октомври биле казнети вкупно 60.366 возачи. Казни се напишани за надминување на дозволената брзина на движење, за минување на црвено светло на семафор, за неставање  појас, за разговори по мобилен и друго.

Во истиот тој период биле регистрирани вкупно 589 сообраќајки во кои загинале пет луѓе и 171 се повредени.