Во Истанбул се апсат лица осомничени за тероризам

Полицијата во Истанбул приведе 15 лица осомничени за тероризам, објавија турските медиуми.

Уапсените се членови на екстремистичката група „Револуционерна народно-ослободителна партија – фронт”. За време на апсењата биле запленето поголемо количество оружје и документација.

Во паралелна полициска операција биле уапсени уште 20 лица, членови на патриотски револуционерно младинско движење поврзано со забранетата Работничка партија на Курдистан.По медицинска сертификација уапсените биле изведени пред суд.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.