сабота, 27 мај 2017  |  Вести денес: 21

Во источна Турција измерено -41,2 степени

Измерена е ноќеска во градот Чалдаран, што се наоѓа на надморска висина од 2050 метри.

Во источна Турција измерено -41,2 степени

Во источна Турција измерено -41,2 степени

Последни вести

Рекордно ниска температура од минус 41,2 степена Целзиусови регистрирана е во источниот турски округ Ван, објави НТВ.

Тоа е најниска температура регистрирана во изминатите 26 години.

Измерена е ноќеска во градот Чалдаран, што се наоѓа на надморска висина од 2050 метри.

Во 1990 година на 9 јануари во тој град била измерена температура од минус 46,4 степени Целзиусови. Шест месеци во годината тој град е покриен со снег, а во целата година со исклучок на јули и август температурата ноќе се спушта под нулата, јави НТВ.

Најчитани вести