Во Италија морето исфрли пет бомби крај воена база

Невремето исфрлило пет бомби заостанати од Втората светска војна на плаќа близу воена воздухопловна база неколку десетина километри од главниот град Рим, објави во саботата италијанските воздухопловни сили.

Бомбите се со тежина меѓу два и пет килограми секоја, а се забележани на плаќата во воздухопловната база Фурбара, километри северозападно од центарот на Рим.

Интервенирале припадници на војската специјализирани за деактивирање на експлозиви кои имаат седиште токму во воената база Фурбара, објавија воздухопловните сили.