сабота, 22 јули 2017  |  Вести денес: 0

Во Италија откриена печатница на лажни банкноти од 20 евра

Италијанските медиуми јавија дека тројца фалсификатори, кои се уапсени во печтаницата, се Италијанци од областа Кампања.

20_Euro_banknotes11

Последни вести

Италијанската финансиска полиција денеска во Неапол ја откри првата печатница за илегално печатење на банкноти од 20 евра во Европа, при што конфискуваше фалсикувани банкноти во номинална вредност од вкупно седум милиони евра.

Операцијата, која е изведена по наредба на Обвинителството од Неапол, е спроведена од страна на локалната единицата за даночни измами при финансиската полиција, со учество на нивни колеги од Рим.

При акцијата се уапсени пет лица, чии имиња не се соопштени.

Италијанските медиуми јавија дека тројца фалсификатори, кои се уапсени во печтаницата, се Италијанци од областа Кампања.

Во моментот на апсење тие печателе лажни банкноти со номинална вредност од 20 евра од новата емисија, позната како „Серија Европа“.

Печатницата се наоѓала во стан, кој бил во сопственост на две жени, на кои име е изречена мерка куќен притвор.

Најчитани вести