Во Италија уапсен Абанец со 35 килограми кокаин

албанец

Уапсениот е албанскиот државјанин Аслан Лука(29) кој дрогата ја транспортирал со возило марка „Jeep Grand Cherokee”.

Доколку дрогата би завршела на пазарот истата би достигнала вредност од 3,5 милиони евра, пишува порталот „Албеу“, повикувајќи се на италијанските медиуми.

Албанецот бил откриен при рутинска контрола.

Уапсениот Лука живеел во Рим, со дозвола за престој издадена од италијанските власти, чиј рок истекол во април 2015 година а во тек била процедурата за обновување на дозволата.

При контролата било утврдено дека џипот бил регистриран на име на Романка, која живеела во Милано.

Аслан Лука и бил познат на полицијата поради исти крвични дела.