Во Италија уапсени 12 лица поради фалсификувани монети на евра

Дванаесет лица беа уапсени од страна на италијанската полиција поради фалсификувани монети на евра.

Се претпоставува дека монетите нелегално се внесени од Кина, соопшти Европол.

Истрагата почнала во септември, кога над половина милион евра во фалсификувани моменти од едно и две евра биле откриени во чанти во контејнер покрај Неапол.

Апсењата се спроведени минатата недела, а меѓу уапсените е и осомничениот лидер на криминалната група, жител на Гана, кој работел во италијанскиот град Палермо.

Производството било контролирано од лице од Шангај, кое имало капацитети за производство на голема количина на фалсификувани монети.