среда, 11 јануари 2017  |  Вести денес: 44

Во Италија и во Албанија запленти 1,4 тони марихуана

Во првата акција, во близина на градот Лече, заплнети се 700 килограми марихуана, чија вредност на пазарот достигнува четири милони евра.

103540340

Последни вести

Италијанската полиција во две одделени акции заплени 900 килограм марихуана прошверцувана од Албанија.

Во првата акција, во близина на градот Лече, заплнети се 700 килограми марихуана, чија вредност на пазарот достигнува четири милони евра.

Дрогата била транспортирана со моторен чамец, што испловил од албанскиот приморски град Валона, и преку Отранто пристигнал на италијанскиот брег.

Во близина на Бриндизи полицијата запленила 200 килограми мархихуана и уапсила двајца албански државјани, на возраст од 25 односно 32 години. Дрогата била скриена во стан во населебата Џианкола во близина на морскиот брег.

Во меѓувреме албанската полиција заплени 500 килограми марихуана што со моторен  чамец требало да се транспортира до италијанскиот брег.

Според полицијата, дрогата била откриена во месноста „Заливот на Дафина“,на крајбрежјето, кај Валона,пакувана во дваесет пакетиња.

Најчитани вести