Во Италија запленета албанска марихуана вредна 13 милиони евра

Италијанската полиција во акција спроведна во местото Тенека ди Молфета во регионот на Бари, заплени 1,8 тони марихуана, прошверцувана од Албанија, чијашто вредност на нарко пазарот би достигнала 13 милиони евра.

Според полициски извори, дрогата била натоварена во два камиона. Во акцијата се уапсени четири лица, двајца Италијанци и двајца Албанци, на возраст од 27 до 50 години.

Ден претходно, припадниците на италијанската поморска полициска патрола во регионот на Пуља запленија 2,2 тона мархуана, исто така прошверцувана од Албанија.

Дрогата била откриена во напуштен чамец во непосредна близина на брегот. Вредноста на дрогата е проценета на 22 милони евра.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.