Во Италија запленети 432 килограми албанска марихуана

Во Италија запленети 432 килограми марихуана и 31, 5 килограми хашиш.

Дрогата е запленета во локалитетот Ле Кесинапо, меѓу местата Сан Каталдо и Сан Фока, била наменета за италијанскиот пазар, а била пренесена од Албанија со моторен чамец.

Заедно со дрогата бил запленет и моторниот чамец со должина од пет метри, но нарко-шверцерите успеале да побегнат.