Во италијанско село наврнало 256 сантиметри снег во еден ден

Во местото Капракота во Италија, кое лежи на 1.421 метар надморска височина, за само 18 часа наврнале 256 сантиметри снег. Во соседното село Пескокостанца на 5 март за помалку од 24 часа паднале 240 сантимнетри снег.

Со ова  е срушен рекордот од 1921 година кога на Сребреното езеро, во Колоради, во април паднале 193 сантиметри снег во еден ден.

– Тоа беше спектакл кој ни го одзема здивот. Во некои делови снегот изгледаше како висок бел ѕид. Беше напорно но сите се здруживме за да им помогнеме на старите мешатни кои не можеа да излезат  од своите домови за да добијат храна и потребните лекови- изјавил Антонио Монако, начелник на местото.

На чистачите на снегот им било тешко да се пробијат низ пластовите снег, а многумина со лопати  правеле тунели да ископаат излези од своите домови. Некои куќи буквално останале затрупани во снежното невреме.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.