Во италијанското море фрлени 2,2 тони марихуана од Балканот

Од морето кај италијанскиот град Термоли извлечени се пакети во кои биле вкупно 2,2 тони марихуана, во вредност од девет милиони евра.Дрогата е фрлена во море ноќта измеѓу саботата и неделата во пакети од по 30 килограми, пишуваат цроногорските медиуми.

Полицијата добила дојава за голема пратка на дрога која требала да пристигне во пристаништето во градот Термоли, поради што имало засилена контрола, а теренот го надлетувале хеликоптери.Откако е пронајден првиот пакет, истрагата продолжила и биле најдени рекордни 2,2 тони марихуана.

Постои сомнеж дека шверцерите некој ги известил дека полицијата имала дојава, па поради тоа немало апсења.
Во тек е истрага да се утврди дали дрогата пристигнала од Албанија или Црна Гора.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.