Во изминатите 24 часа не е издадена ниту една потврда на мигранти

Во изминатите деноноќие не се издадени потврди за искажана намера за поднесување барање за признавање на право на азил, информира МВР.

Од почетокот на годинава издадени се потврди за искажана намера за поднесување барање за признавање на право на азил на вкупно 89.623 странски државјани, од кои 35.381 се од машки пол, 19.617 од женски, а 34.399 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и 226 деца кои патуваат без родител. Најголем дел од нив се државјани на Сирија-44.734, Авганистан-26.546 и Ирак-18.337.

Во изминатите 24 часа до Секторот за азил не се поднесени барања за признавање право на азил, врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување барање за признавање на право на азил.

Од почетокот на годинава, пак, до Секторот за азил барање за признавање право на азил поднеле 29 лица (22 од Сирија и седум од Авганистан) врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување барање за признавање на право на азил

Во ЈУ Прифатен центар за баратели на азил во дневниот регистар на баратели на азил вчера се евидентирани вкупно 34 баратели на азил од кои 16 мажи, седум жени и единаесет деца со придружба на старател. Дополнително, согласно член 48 од Законот за азил и привремена заштита, пет малолетни лица без придружба на старател се згрижени на друго место за сместување определено од Министерството за труд и социјална политика.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.