Во изминативе 48 часа ниеден Косовец не емигрирал преку Србија во ЕУ

Министерството за внатрешни работи на Србија потврди дека илегалната емиграција на косовските граѓани преку српска територија е значително намалена, така што во последните два дена не е регистриран ниту еден случај. Веста ја соопшти Марија Обрадовиќ, претседателка на Парлементарниот совет за заштита и внатрешни работи во српскиот Парламент.

-Во последните 48 часови не е регистрирано ниту едно илегално поминување на границата, додека во првата половина од месецот беа запрени 150 емигранти при обид да ја минат градницата, изјави таа.

Според неа, МВР, во соработка со колегите од соседните земји, како и со Австрија и Германија, значително ја намалила илегалната емиграција на излез од Србија.

Обрадовиќ како што пренесува приштинскиот сајт Koha.net, прецизира дека сите оние кои илегално ја минуваат границата биле лажни азиланти, кои со фалсификувани косовски документи и административна изјава за движење низ Србија се обидуваат да заминат за некоја од земјите на ЕУ, главно во потрага по работа.

Како што деновиве беше кажано на седница на парламентарната комисија за европска интеграција во масовниот емигрантски бран присутен последните месеци Косово го напуштиле 230.000 жители.

Тие тргнувале од Косово, главно од автобуската станица во Приштина, влегувале во Србија, од каде потоа стигнувале до Унгарија, а понатаму поради шенгенскиот режим стигнувале до нивната посакувана дестинација, пред се, Германија и Австрија.