Во Израел во 113-та умре најстариот маж на светот кој го преживеа холокаустот

Најстариот маж на светот, Јизраел Кристал, кој ги преживеал Првата светска војна и холокаустот во кој ги загубил сопругата и двете деца, починал во израелскиот град Хаифа, потврди неговата ќерка Шуламит Кристал.

Гинисовата книга на рекордите во март 2016 година му ја додели на Јизраел Кристал титулата најстар маж на светот. Кристал својот 113-ти роденден го прослави на 15 септември 2016 година.

Јисраел Кристал, од северниот израелски пристанишен град Хаифа, еден од преживеаните од нацистичкиот логор на смртта во Аушвиц, според податоците на Гинисовата книга на рекордите, беше најстариот маж на светот до моментов.

До него рекордот го држеше Јапонецот Јаустаро Коид кој почна во јануари, со навршени 112 година и 312 дена, два месеца пред да наполни 113 години.

Кога му ја врачуваа потврдата од Гинисовата книга на рекордите, Кристал изјави дека не знае „кога е тајната на долгиот живот“, но дека верува оти сé е „предодредено однекаде одгоре“.

„Имаше и попаметни и посилни мажи… и мажи коишто изгледаа подобро од мене, а веќе не се живи. Треба смело, упорно и вредно да се работи“, рече пред една година Кристал кого Првата светска војна го раздвоила од родителите.

Кристал е роден во градот Зарново на 15 септември 1903 година, а кога во 1914 година избувнала Првата светска војна, лично го видел царот Франц Јозеф. Во 1920 година, како 17-годишник се преселил во Лоѓ, за да работи во семејната слаткарница. По инвазијата на нацистичка Германија врз Полска во 1939 година, Кристал и неговото семејство се преместени во гетото во Лоѓ. Колачи продолжил да прави и во гетото кое било воспоставено во 1940 година, а четири години подоцна е испратен во логорот Аушвиц, каде починала неговата сопруга.

Две деца на Кристал умреле, а тој со сопругата Шаја Феиге Фрухт во 1944 година се испратени во Аушвиц. Кога во мај 1945 година, заедно со другите логораши го нашле сојузничките сили, тежел само 37 килограми.

Во Хаифа дошол во 1950 година, со својата втора сопруга и нивниот син, каде што продолжил да се занимава со слаткарскиот занает до пензионирањето. Зад себе оставил седум деца, внуци и 32 правнуци.

Во интервјуто за Ha’aretz во 2012-та, како и во разговорот за израелската телевизија во 2014 година, не понуди никаков рецепт за долговечноста, но сепак порача. „Во логорите немавме баш за јадење. Јадев што ќе ми дадат. Јадам за да живеам, не живеам за храната. Сé што е премногу не чини“.

Кога станува збор за жените, пак, според Гинисовата книга на рекордите, во април годинава Италијанката Ема Морано, којашто беше најстарата личност во Европа а се сметаше и за највозрасниот жител на Земјата, почина на возраст од 117 години и 137 денови.