Во израелска спила откриени најстарите коски на современиот човек

Откритието на фосилизиран фрагмент од вилица од современ човек во израелската спила Мислија го поместува за најмалку 50.000 години неговото доаѓање од Африка, фрлајќи нова светлина на неговите интереакции со другите видови, како Неандерталците, соопштија израелските научници.

Ролф Кван, професор по антропологија од американскиот универзитет Бингемтон вели дека откритието е извонредно имајќи предвид дека староста на вилицата и забите е проценета на 194.000 години, што овие фосили ги прави најмалку 50.000 години постари од фосилот на современиот човек претходно откриени на археолошкиоте наоѓалишта надвор од Африка.

Според сé судејќи, модерните луѓе таму биле присутни 50.000 години порано отколку што досега се мислеше. Кван открива и дека артефактите пронајдени во пештерата Мислија упатуваат на тоа дека луѓето палеле огништа, како и дека биле ловци на дивеч.

Најновите наоди упатуваат на тоа дека модерните луѓе веројатно имале повеќе време за интеракција со древните човекови родовски заедници надвор од Африка отколку што досега се веруваше, а октритието ги расветлува и рутите по коишто современите луѓе можеле да се движат во текот на преселбата од Африка.

„Целата територија за еволуцијата на Хомосапиенсот со ова откритие се повлекува наназад за најмалку 100.000 до 200.000 години. Ова откритие целосно ги менува досегашните сознанија за движењето и преселбата на современиот човек. Пред ова откритие најраните фосили на модерниот човек кои се откриени надвор од Африка се стари меѓу 90.000 и 120.000 години“, вели професорот Израел Хершковиц од Универзитетот Тел Авив.

Со други зборови, ако модерниот човек ја започнал преселбата од Африка пред 200.000 години, произлегува дека таму живеел пред 300.000 до 500.000 години, а познато е дека најстарите коски на Хомосапиенсот се стари околу 300.000 години. Претходно антрополозите тврдеа дека современите луѓе се развиле во Африка пред 160.000 до 200.000 години, како и дека преселбата од Африка започнала во периодот пред меѓу 70.000 и 40.000 години.

Долго во научните кругови се водеа дебати за тоа на кој начин човековата лоза се проширила од Африка и како го колонизирала остатокот од светот. Археолошките наоди од 2014 година упатуваат на тоа дека миграциите на современите луѓе од Африка започнале пред најмалку 100.000 години. На етиопските археолошки локалитети Омо и Херто откриени се човечки фосили стари околу 195.000 и 160.000 години, а генетското истражување од 2017 година упатува на тоа дека современите луѓе биле во допир со Неандерталците во Германија пред повеќе од 220.000 години.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.