среда, 28 јуни 2017  |  Вести денес: 17

Во јануари најмногу поскапеле зеленчукот и овошјето

Трошоците на живот во јануари годинава бележат раст од 0,6 отсто и во однос на претходниот месец и во однос на јануари лани, а цените на мало имаат раст од 1,1 отсто во однос на декември 2016 и 1,5 отсто во однос на јануари 2016 година, објави Државниот завод за статистика.

овошјето

Поврзани вести

Пораст на индексите на трошоците на животот во јануари 2017 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај свежиот и разладениот зеленчук освен компирот за 4,5 отсто, свежото и разладеното овошје за 3,4 отсто, млекото за 1,4 отсто, сувото овошје и јаткастите производи за 1,3 отсто, другите прехранбени производи за
0,8 отсто, сирењето и урдата за 0,6 отсто, шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи за 0,5 отсто, безалкохолните пијалоци за 0,4 отсто, лебот и месото за 0,3 отсто, јајцата и алкохолните пијалоци за 0,2 отсто.

Во јануари, исто така, пораст на индексите на трошоците на животот е забележан и кај течните горива за домаќинствата за 9,1 отсто, другите финансиски услуги неспомнати на друго место за 7 отсто, информатичката опрема за 6,4 отсто, течните горива и мазива како дел од опремата за сопствени сообраќајни средства за 6,2 отсто, услугите за сместување за 4,9 отсто, гасот за домаќинствата и патниот сообраќај за 3,9 отсто, автомобилите за 3,7 отсто, градините, растенијата и цвеќињата за 2,7 отсто, теписите и другите покривки за под за 1,5 отсто, телефонските и телефакс услугите за 0,8 отсто, алатите и опремата за куќа и градина за 0,7 отсто, угостителските услуги за 0,6 отсто, средствата за чистење и одржување на станот за 0,5 отсто, мебелот за 0,4 отсто, облеката и материјалите за одржување и поправки на станот за 0,2 отсто.

Намалување на индексите на трошоците на животот во јануари 2017 година, во споредба со претходниот месец, е забележано кај рибата и морските плодови за 1,3 отсто, сушеното, соленото и чаденото месо за 0,6 отсто, јогуртот, замрзнатото овошје и замрзнатиот зеленчук освен компирот за 0,2 отсто.

Намалување на индексите на трошоците на животот е забележано и кај болничките услуги за 5,7 отсто, туристичките пакет-аранжмани за 5,4  отсто, телефонската и телефакс опремата за 3,4 отсто, обувките за 1,7 отсто, лековите за 0,6 отсто и услугите за лична хигиена за 0,2 отсто.

Најчитани вести