среда, 4 јануари 2017  |  Вести денес: 54

Во јануари за 1,7 отсто зголемен бројот на работници во индустријата

Бројот на работниците во индустријата во јануари годинава, во однос на јануари лани е поголем за 1,7 отсто, соопшти Државниот завод за статистика.

industrija

Поврзани вести

Бројот на работниците во индустријата во јануари годинава, во однос на јануари лани е поголем за 1,7 отсто, соопшти Државниот завод за статистика.

Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен е на исто ниво како минатата година, во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 1,7 отсто, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација бележи пораст од 3,4 проценти.

Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во јануари 2016, во однос на јануари минатата година, бележи пораст кај Енергија за 2,8 отсто, Интермедијарни производи, освен енергија за 4,5 процентии Капитални производи за 18,7 отсто, додека опаѓање има кај Tрајни производи за широка потрошувачка за 1,8 и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 3,0 проценти.

Најчитани вести