Во јапонски хотел може да резервирате соба за плачење

Јапонски хотел лансирал нова понуда коа е наменета во прв ред за жените, отворил специјално наменета „соба за плачење“.Апартманот содржи и колекција од јапонските „манга“ филмови кои се препорачани за плачење, бидејќи тоа им помага на луѓето да го надминат стресот, појаснува портпаролката.

Во понудата има колекција на филмови посебно избрани за поттикнување на плачењето, изјавила портпаролката на хотелот „Mitsui Garden Yotsuya“ во Токио.

Жените да може да го прикријат плачењето и натечените очи, во цената за собата се вклучени и „марамчиња со висок квалитет и маски за очи“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.