Во јавната расправа за државниот испит ќе бидат вклучени студентите и универзитетите

За имплементација на државниот испит во високото образование, заменик-министерот за образование и наука, Спиро Ристовски вели дека МОН по добивање на „зелено светло“ од Владата, ќе го достави првиот предлог-нацрт текст на овие закони.

-Истите тие закони ќе бидат понудени на една комплексна јавна расправа во која ќе бидат вклучени сите заинтересирани субјекти- студенти, универзитети и други кои ќе пријават интерес. Конечно, финалното решение и финалниот текст на законот ќе биде подготвен по завршување на таа јавна расправа, рече Ристовски.

Тој уверува дека сето она што ќе биде сугерирано во насока на подобрување на квалитетот на едно такво решение ќе биде прифатено и имплементирано во финалниот текст на законот.

Ристовски додаде дека во ниту еден момент нема да утврдат  текст на закон кој нема да биде на јавна расправа, а истиот ни најмалку нема да задира во автономијата на Универзитетите.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.