Во Јордан обесени 11 мажи

По осумгодишен мораториум на извршување на смртната казна во Јордан, утрово биле обесени 11 мажи.

Сите 11 мажи се осудени во одвоени процеси на смртна казна поради убиствата кои ги сториле.

Последната егзекуција во Јордан беше извршена во 2006 година.