Во јуни Ципрас повторно ќе се сретне со Путин

Грчкиот премиер Алексис Ципрас во јуни во Санкт Петербург ќе учествува на економски форум, на чии маргини ќе има и приватна средба со рускиот претседател Владимир Путин, пренесува МИА.

Оваа информација за руските медиуми ја потврдила спикерката на грчкиот Парламент Зои Константопулу, која од 18 до 20 јуни ќе го придружува Ципрас на конференцијата.

Руските медиуми јавуваат дека поканата за Санкт Петербург ја упатил Путин за време на состанокот со Ципрас во Кремљ, при посетата на грчкиот премиер на Москва на 7 април.

Се очекува Ципрас да биде еден од почесните гости меѓу политичките лидери на форумот.

Економскиот форум во Санкт Петербург се одржува секоја година под покровителство на рускиот претседател Путин, во неговиот роден град.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.