Во Јужна Кореја регистрирани уште 23 случаи на МЕРС

Во Јужна Кореја се регистрирани уште 23 случаи на МЕРС, со што вкупниот број на заболени од Блискоисточен ресипраторен синдром е зголемен на 87, соопшти тамошното Министерството за здравство.

Министерството наведе дека 17 нови случаи на заболени се поврзани со лицето во болницата во Сеул, каде престојуваше првиот пациент, кај кого подоцна е дијагностициран МЕРС.

Инаку, како што соопштува Ројтерс, во Јужна Кореја досега шест лица починаа од МЕРС, а Владата вети дека со сите расположливи средства ќе ја сузбие епидемијата на болеста, која се заканува да се прошири на целата држава, а во кои спаѓа и следењето на мобилните телефони на луѓето во домашен карантин.

Во карантин се наоѓаат околу 2.300 лица, од кои 2.100 не сметат да излегуваат од дома и мораат да ја ограничат интеракцијата со другите, додека околу 200 се во изолација во државните болници.

Ова е најголема епидемија на МЕРС надвор од Саудиска Арабија, каде во 2012 година заболеа 950 лица.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.