Во Јужна Кореја во пожар загина 21 лице

Во пожар кој ја зафати болницата за стари лица со хронични заболувања во регионот Џеола на југозападот на Јужна Кореја, загина 21 лице, додека повредени се осум лица.

Според информациите од Пожарникарската служба, пожарот релативно брзо бил изгаснат, а поголем дел од жртвите се постари пациенти кои не можеле да се движат.

Полицијата упасиле 81 годишен маж кој е на испрашување откако безбедносната камера го снимила како влегува во празна просторија од каде што избил пожарот.

Уапсениот е идентификуван како пацеинт во болницата кој е болен од деменција.